| | Sitemap | EN | SQ



Објаснувачки состанок за Поглавје 7 - Право на интелектуална сопственост

На 07 и 08 февруари 2019 година, во Брисел, се одржа објаснувачки состанок за Поглавјето 7 - Право на интелектуална сопственост  како дел од веќе отпочнатион процес на проверка за отпочнување на пристапните преговори со Европската унија.

Делегацијата предводена од главниот технички преговарач на Владата на Република Северна  Македонија, г. Бојан Маричиќ, и директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, г. Сафет Емрули, на дводневниот состанок имаа можност да ги слушнат сите неопходни елементи чие исполнување е неопходен услов за поставување на преговарачките позиции на Република Северна Македонија во однос на Поглавјето 7 - Право на интелектуална сопственост.

Во делегацијата учествуваа и претставници од Министерството за култура, Министерството за правда, Царинската управа, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Државниот завод за статистика, како и претставници на институциите кои се дел од работната група за поглавјето 7 - Право на интелектуална сопственост.

22.02.2019