| | Sitemap | EN | SQ



Глобалниот Иновациски Индекс (ГИИ) за 2019 година

Светскaта Oрганизација за Iнтелектуална Сопственост (ВОИС, WIPO) заедно со INSEAD и Универзитетот Корнел го објави Глобалниот Iновативен Iндекс (ГИИ) 2019 година. Ова е 12-тото издание на индексот, а има за цел да им помогне на носителите на одлуки во разбирањето на иновативната активност која го поттикнува економскиот и човечкиот развој. Студијата се рангира на 129 економии, а резултатите се базираат на 80 индикатори, кои вклучуваат стапки на пријавување на интелектуална сопственост, однесување за пополнување, врвни универзитетски рангирања и научни и технички публикации (Универзитетот Корнел, INSEAD и WIPO (2019).

Република Северна Македонија е на 59то место од 129 држави во светот според Глобалниот Иновациски Индекс (ГИИ) за 2019 година објавен на 24 месецов според кој се искачи 25 места погоре на листата земји кои вложуваат во иновациска инфраструктура.

 Според овој извештај Република Северна Македонија има значителен напредок во однос на претходните две години, што во голема мера се должи на целокупната политика на Владата на Северна Македонија  во однос  политикете за микро, мали и средни претпријатија.

Global Innovation Index 2019

North Macedonia’s Rankings, 2017 – 2019 (comparation)

                             GII           Innovation            Inputs

      2019               59                  52                         63               

      2018               84                  71                         93
      2017               61                  53                         63

12то место меѓу 34-те економии со средно-високо ниво на приходи, а земјата има остварено повисоко ниво на развој од очекуваното и кај БДП.

Голем успех постигнат според индикаторите за квалитет ISO9001 (24 место) и високо- и средно-високи технолошки производи (20 место), а подобрена е позицијата и во категоријата знаење и технологии, според кои Северна Македонија е на 66то место.

Според Глобалниот Иновациски Индекс, Република Северна Македонија има натпросечни оцени во пет од седумте столбови на Глобалниот иновациски индекс, кои се однесуваат на институции, инфраструктура, софистицираност на пазарот, каде е на 28мо место, знаење и технолошки резултати и креативни резултати.

Петте најиновативни земји според анализата на ГИИ оваа година се Швајцарија, Шведска, САД, Холандија и Велика Британија.

 

30.07.2019