| | Sitemap | EN | SQ



Глобалниот Иновациски Индекс (ГИИ) за 2020 година

Светскaта Oрганизација за Iнтелектуална Сопственост (ВОИС, WIPO) заедно со INSEAD и Универзитетот Корнел го објави Глобалниот Iновативен Iндекс (ГИИ) 2020 година. Ова е 13-тото издание на индексот, а има за цел да им помогне на носителите на одлуки во разбирањето на иновативната активност која го поттикнува економскиот и човечкиот развој. Студијата се рангира на 131 економии, а резултатите се базираат на 80 индикатори, кои вклучуваат стапки на пријавување на интелектуална сопственост, однесување за пополнување, врвни универзитетски рангирања и научни и технички публикации (Универзитетот Корнел, INSEAD и WIPO (2020).

Република Северна Македонија е на 57то место од 131 држави во светот според Глобалниот Иновациски Индекс (ГИИ) за 2020 година објавен на 2 месецов според кој се искачи 2 места погоре на листата земји кои вложуваат во иновациска инфраструктура.

Според овој извештај Република Северна Македонија има значителен напредок во однос на претходните две години, што во голема мера се должи на целокупната политика на Владата на Северна Македонија  во однос  политикете за микро, мали и средни претпријатија.                                                 

Глобалниот иновациски  индекс (ГИИ) за 2020
Рангирање на Северна Македонија, 2018 – 2020 (споредба)
                          ГИИ            Иновации                Инпути
2020                    57                  46                         63   
2019                    59                  52                         63
2018                    84                  71                         93

Голем успех постигнат според индикаторите за квалитет ISO9001 (22 место) и високо- и средно-високи технолошки производи (21 место), а подобрена е позицијата и во категоријата знаење и технологии, според кои Северна Македонија е на 58то место.

Според Глобалниот Иновациски Индекс, Република Северна Македонија има натпросечни оцени во пет од седумте столбови на Глобалниот иновациски индекс, кои се однесуваат на институции, инфраструктура, софистицираност на пазарот, каде е на 17то место, знаење и технолошки резултати и креативни резултати.

Петте најиновативни земји според анализата на ГИИ оваа година се Швајцарија, Шведска, САД, Велика Британија  и Холандија.

16.09.2020