| | Sitemap | EN | SQ



Герасимовски и Исени: Заштита на правата е основа за развој на бизнисите

Продолжува соработката меѓу Државниот завод за индустриска сопственост и Стопанска комора на Северозападна Македонија. Директорот на ДЗИС Горан Герасимовски и извршниот директор на СКСЗМ Дрилон Исени денеска имаа средба, на која се прецизираа идните активности.

Со цел подигнување на јавната свест за заштита на правата од индустриска сопственост, експерти од Државниот завод ќе ги посетуваат фирмите-членки на комората. Притоа, ќе се објаснуваат бенефитите и процедурите за заштита на трговска марка, како и другите права од индустриска сопственост. Важно е да се напомене дека заштита на правата, е основата за успешен развој на секој бизнис. Дополнително, стопанствениците ќе се информираат околу можностите за пристап и користење на меѓународните електронски бази.

Во рамки на досегашната соработка на овие две тела, одржани се работилници за заштита на правата од индустриска сопственост во повеќе градови во северо-западниот регион и посетени се 57 компании.

17.09.2021


Галерија на слики