| | Sitemap | EN | SQ



Посета од Канцеларијата за интелектуална сопственост на Европската унија (EUIPO)

На покана на ЦЕФТА Секретаријатот, во периодот од 14.12.2021 до 16.12.2021, во Скопје, во рамките на „Неделата на ЦЕФТА“, Заводот за интелектуална сопственост на Европската Унија (ЕУИПО) организираше работилница за националните заводи за ИС на земјите членки на ЦЕФТА со цел да се изнајдат заеднички содржатели за можна имплементација на регионална рамка за интелектуална сопственост и креирање на повеќегодишен проект за ИС финансиран од Европската Унија.
На 14.12.2021 Делегацијата на ЕУИПО во состав: Ignacio DE MEDRANO, Ibon ORMAZABAL и Andrea IORI го посети Државниот завод за индустриска сопственост (ДЗИС) за да ги презентира целите на работилницата и на идниот регионален проект. Делегацијата ја прими заменик директорот на ДЗИС, Блерим Идризи, кој истакна дека ДЗИС ги поддржува идеите кои придонесуваат за унапредување на системот на заштита на правата на интелектуална сопственост. При посетата беше нагласено дека билатералната соработка помеѓу двете институции ќе биде фокусирана на имплементација на EUIPN алатките и програмата за усогласување на заедничките практики кои се применуваат во сите земји членки на ЕУ. Заменик директорот на ДЗИС оцени дека идејата за регионален проект за интелектуална сопственост финансиран од Европската Унија е добредојдена за регионот на Западен Балкан, особено во времето кога Владата на Северна Македонија го потпиша Договорот за отворен Балкан.

 

14.12.2021


Галерија на слики