| | Sitemap | EN | SQ



Објаснувачки скрининг на Северна Македонија за Поглавје 7 – Право на интелектуална сопственост, во Брисел

На 12/10/2022 година во Брисел, се одржа состанокот за објаснувачкиот скрининг помеѓу претставници на Европската комисија и претставници на Северна Македонија за Поглавјето 7 – Право на интелектуална сопственост, од Кластерот 2 - Внатрешен пазар. Во состав на делегацијата на Република Северна Македонија беа и претставници од Државниот завод за индустриска сопственост, како институција-носител на Поглавјето 7, предводени од директорот на Заводот, м-р Ибуш Јусуфи.

На состанокот беа презентирани најновите измени на европското законодавство поврзано со заштита на интелектуалната сопственост, со посебен акцент на директивите и регулативите од областа на авторското право и правата на индустриска сопственост.

Со овој состанок е завршена фазата на објаснувачкиот скрининг, по што следува фазата на билатерален скрининг во чии рамки Република Северна Македонија ќе го презентира статусот во однос на степенот на усогласеност на националното законодавство со законодавството на Европската унија, презентирано на објаснувачките состаноци; институционалните капацитети и спроведувањето. Согласно утврдената временска рамка, состаноците во рамките на билатералниот скрининг треба да започнат во јануари 2023 година.

13.10.2022


Галерија на слики