| | Sitemap | EN | SQ



Државниот завод за индустриска соптсвеност се приклучи во TMclass

Од 20 Април 2015 година, Државниот завод за индустриска сопственост (ДЗИС), Завод за интелектуална сопственост на Босна и Херцеговина и Заводот за интелектуална сопственост на Србија станаа членки на TMclass.

Со последните три зачленувања, вкупно во алатката се присутни 45 национални заводи за интелектуална сопственост, вклучувајќи ОХИМ, СОИС и OAPI.

TMclass сега на корисниците им ја нуди можноста за пребарување и превод на термини на 34 расположливи јазици, вклучувајќи го македонскиот, српскиот јазик во кирилица, и босанскиот.

Оваа успешна интеграција е резултат на заедничка соработка во рамките на Програмата за меѓународна соработка раководена од страна на ОХИМ во соработка со меѓународните партнери.

Објавено на 20.04.2015