| | Sitemap | EN | SQ



Државниот завод за индустриска сопственост на Република Северна Македонија, (ДЗИС) во соработка со Европската организација за интелектуална сопственост (ЕУИПО) започнува со проектот „EU4IP-WB6“

По повод отпочнувањето на проектот „EU4IP-WB6“, во соработка со Европската организација за интелектуална сопственост (ЕУИПО), Државниот завод за индустриска сопственост на Република Северна Македонија, (ДЗИС), на 2 и 3 март 2026 година, оствари состанок со претставници од Европската организација за интелектуална сопственост(ЕУИПО), претставена од Justyna Petsch и Martin Marianov.
ДЗИС, во рамките на своите надлежности и стратешки определби за институционален развој и усогласување со правото на Европската Унија, на овој состанок разговараше за првичните активности за кои се нуди подршка и помош преку проектот EU4IP-WB6, а кој се однесува на земјите од Западен Балкан.

Покрај овој состанок, во текот на двата дена се остварија состаноци со претставници од Царинската Управа, Министерството за култура, Државниот пазарен инспекторат, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Во таа насока, со финансиска поддршка од Европската Комисија, проектот „EU4IP-WB6“, предвидува подршка и помош за усогласување со европското законодавство (aquis), подигнување на капацитетите и техничка поддршка, подршка во спроведувањето (enforcement), како и во делот на подигнување на јавната свест.

Реализацијата на овој проект претставува конкретен придонес за понатамошно јакнење на националниот систем за индустриска сопственост и потврда на континуираната поддршка од Европската Унија на реформските процеси и институционалниот развој на Република Северна Македонија, во согласност со европските правни и административни стандарди.

03.03.2026


Галерија на слики