Политика за приватност
Оваа Политика за приватност ги утврдува начинот, обемот и целите на обработката на личните податоци при користење на веб-страната на Државен завод за индустриска сопственост (ДЗИС).
Контролор на збирки на лични податоци
Контролор на личните податоци е Државен завод за индустриска сопственост со седиште на Ул. Даме Груев бр. 14, 1000 Скопје, Република Северна Македонија.
Обработката на личните податоци се врши во согласност со одредбите од Законот за заштита на личните податоци и применливата подзаконска регулатива.
Податоци кои подлежат на собирање
- Податоци на посетители на страната https://ippo.gov.mk податоци за навигација (види подолу) кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата веб-страна како и за одржување на информациска сигурност на веб-страната. Повеќе за употребата на колачиња прочитајте ја нашата Политика за користење колачиња
- Лица кои бараат пристап до информации од јавен карактер врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Категории на податоци кои се обработуваат
1. Податоци за навигација:
При посетата на интернет страната серверот, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:
- IP адреса
- тип и модел на уредот од кој се пристапува
- оперативен систем
- вид и верзија на интернет пребарувачот
- посетени страници и времетраење на посетата
- URL адреса од која корисникот е пренасочен, како и (каде што е применливо) користени термини за пребарување
- јазик на пребарувачот
- држава од која се пристапува (утврдена врз основа на IP адресата)
Серверските лог-записи автоматски се бришат во рок од 30 дена, освен во случаи кога е потребно нивно подолго задржување заради истрага на безбедносни инциденти, злоупотреби или злонамерни напади.
ДЗИС самостојно ги одржува серверите и интерно ги спроведува сите активности поврзани со управувањето, анализата и заштитата на податоците.
2. Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат
Личните податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб-страна или е-платформи, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би ни овозможиле да ги оствариме нашите надлежности утврдени согласно со закон.
Пример: име и презиме, адреса, контакт телефон/факс, email адреса и потпис.
Начин на собирање на личните податоци
Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:
- преку Вашето користење на нашата веб страна, вклучувајќи ги овде и услугите за електронско поднесување
- преку нашиот email: info@ippo.gov.mk
- преку пошта и
- преку факс
Категориите на корисници на лични податоци
Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна на трети лица, освен во следните случаи:
- Во случај на ангажирање на даватели на услуги, ако ДЗИС ги ангажира како обработувачи со што ќе бидат обврзани да постапуваат по упатствата на ДЗИС и обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги
- По барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа
Период на чување на личните податоци
Личните податоци се чуваат во период утврден со закон и согласно интерните акти за рокови на чување на лични податоци, и тоа само онолку долго колку што е потребно за остварување на целите на обработката.
Кои се Вашите права?
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
- право да бидете информирани за обработката на личните податоци
- право на пристап до личните податоци
- право на исправка и бришење на личните податоци
- право на ограничување на обработката на личните податоци
- право на приговор
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашите офицери за заштита на лични податоци чии податоци се објавени на следниот линк.
Промена на политиката за приватност
Политиката за приватност ќе се менува соодветно со промените на активностите во ДЗИС.