| | Sitemap | EN | SQ
Закон за индустриска сопственост

ЗАКОН ЗА ИНДУСТРИСКАТА СОПСТВЕНОСТ
ПРВ ДЕЛ
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Содржина на законот
Член 1

Со овој закон се уредува стекнувањето, остварувањето и заштитата на правата од индустриска сопственост.

Права од индустриска сопственост

Член 2

(1) Права од индустриска сопственост се: патент, индустриски дизајн, трговска марка, ознака на потеклото и географска ознака.
(2) Со патент се штити пронајдок.
(3) Со индустриски дизајн се штити нова форма на тело, слика, цртеж, контура, композиција на бои или нивна комбинација-дизајн.
(4) Со трговска марка се штити трговски знак.
(5)Со ознака на потеклото и географска ознака се штити географскиот назив.

Дефиниции

Член 3

Одделни изрази употребени во овој закон го имаат следното значење:
-"права од индустрика сопственост" се права од интелектуални творби и економски врски од областа на индустријата и трговијата, вклучително и земјоделството, во смисла на членот 2 став (1) од овој закон;
- "патент" е право од индустриска сопственост со кое се штити пронајдок во постапка согласно овој закон;
- "индустриски дизајн" е право од индустриска сопственост стекнато во постапка согласно овој закон со кое се штити дизајнот;
- "трговска марка" (стоковна, услужна, колективна и сертификатна марка) е право од индустриска сопственост стекнато со постапка согласно овој закон со кое се штити трговскиот знак;
- "географска ознака" е право од индустриска сопственост стекнато согласно овој закон со кое се штити географски назив;
- "ознака на потекло" е право од индустриска сопственост стекнато согласно овој закон со кое се штити географски назив;
- "пронајдок" е решение на технички проблем што се однесува на производ, постапка или материја сама по себе, која е резултат на одредена постапка;
- "дизајн" е надворешен изглед на производот во целост или на негов дел кој е определен од неговите обележја особено линиите, контурите, боите, обликот, текстурата и материјалите од кои производот е сочинет или украсен како и/или негова орнаментација;
- "трговски знак" е знак кој може графички да се прикаже и ги исполнува условите од членот 175 на овој закон;

 

***

Симнете го целиот закон за повеќе детали.


Превземи

Објавено на 03.09.2013