| | Sitemap | EN | SQ
Правилник за за формата и содржината на пријавата за регистрација на топографијата на интегрални кола
Врз основа на член 12 став 4 од Законот за заштита на топографијата на интегрални кола ("Службен весник на Република Македонија" бр.5/98), Министерот за развој донесе

ПРАВИЛНИК
за формата и содржината на пријавата за регистрација на топографијата на интегрални кола

Член 1

Со овој Правилник поблиску се пропишуваат формата и содржината на пријавата за регистрација на топографијата на интегрални кола (во натамошниот текст: топографија) и промените во регистарот на пријави на топографии и во регистарот на топографии.


Член 2


Пријавата за регистрација на топографијата се поднесува во писмена форма и мора да содржи:

1. Барање за упис во регистарот на топографии на образец ЗЗИС Т-1, во
три примерока;

2. Податоци за подносителот и конструкторот;
3. Приказ на топографијата со податоци од секвенциите;
4.Апстракт кој сеоднесува на карактеристиките на електронската функција

или функциите на интегралното коло;
5. Изјава во писмена форма за датата на започнување на експлоатацијата,
доколку топографијата веќе е комерцијално експлоатирана.

6. Доказ за платена такса за пријавување, во еден примерок.
Како прилози кон пријавата може да се достават и:

1. примероци на интегрирани врски, изработени за топографијата;
2. носачи на податоци за топографијата (магнетни, оптички или други);
3. запис на податоците за топографијата (компјутерски запис од датотеката,
кој се применува прн изработка на топографијата.


Член 3


Барањето за упис во регистарот на топографии се доставува на образецот ЗЗИС Т-1, кој содржи податоци за:
1. адресата за кореспонденција, број на телефон и факс;
2. подносителот на пријавата (презиме, име и адреса за физичко лице, фирма
и седиште за правно лице);
3. застапникот (доколку пријавата се поднесува преку застапник);
4. конструкторот (презиме, име и адреса);
5. назив и/или ознака на топографијата на интегрални кола;
6. дата на започнување на комерцијална експлоатација;

7. прилозите:

(I) забелешка за приложените страници на скратениот преглед на карактеристиките на електронските функции на врската изработена според топографијата;
(П) забелешка за прилозите кои ја определуваат или илустрираат топографијата;
(III) забелешка за приложените мустри на интегрална врска, изработена
според топографијата;

(IV) забелешка дека е доставена потврда за платена такса;
(V) забелешка дека се доставени носачи на податоци, со наведување на видот;
(VI) забелешка дека е доставено овластување дадено на застапникот;
(VII) забелешка дека е доставен печатен запис на податоци;

(VIII) забелешка дека е доставена дополнителна листа со податоци за други
пријавувачи;
(IX) забелешка дека е доставена дополнителна листа со податоци за други конструктори;
(x) забелешка дека е доставена изјава за датата на започнување на комерцијална експлоатација;
(хх) потпис и печат на одговорното лице на пријавувачот, доколку се работи за правно лице, односно потпис на пријавувачот, доколку се работи за физичко лице.Во случај правното или физичкото лице пријавата да ја поднесуваат преку овластен застапник, потпис и печат на застапникот.

Образецот ЗЗИС Т-1 е составен дел на овој Правилник.

Ако предвидениот простор во одделна рубрика од Образецот ЗЗИС Т-1 ие е доволен, бараниот податок, со наведување на рубриката и нејзината целосна содржина, се прилага како посебен прилог кон образецот.


Член 4


За определување или илустрација на топографијата можат да се достават и:
1. цртежи или фотографии на производните нацрти (скици, планови),
потребни за производство на интегралното коло, по предметната топографија;
2. цртежи или фотографии на маски или нивни делови потребни за
производство на интегралното коло по предметната топографија;
3. цртежи или фотографии на одделните слоеви на интегралното коло по предметната топографија.


Член 5


На прилозите кои ја определуваат или илустрираат топографијата мора јасно и со доволна препознатливост да бидат претставени одделните слоеви на топографијата, како и нивниот редослед. Сите скици кои формираат одделна целина мора да бидат изработени во ист размер.
Покрај прилозите од став 1 на овој член, можат да се достават и носачи на податоци (магнетни, оптички или други), записи на податоците за топографијата,


мустри на полупроводничката врска изработена според топографијата, или дополнителен објаснувачкн опис на топографијата, за која се бара заштита.

Член 6


Прилозите наведени во член 4 од овој Правилник можат да се означат како деловна тајна, од страна на подносителот на пријавата и тие се доставуваат одвоено од пријавата.


Члеп 7


Пријавата за промените во регистарот на пријави на топографии и во регистарот на топографии се поднесува во писмена форма и мора да содржи:
1. Барање за упис на промените во регистарот, на образец ЗЗИСТ-2, во три
примероци;
2. Овластување дадено на застапникот, доколку барањето се поднесува преку
застапник;
3. Соодветен доказ за правниот основ за запишување на промената;
4. Потврда дека е платена соодветна такса;


Член 8


Барањето за упис на промените во регистарот од член 7 став 1 точка 1 на овој правилник се доставува на образецот ЗЗИСТ-2, кој содржи :
1. Назначување на регистарот во кој се бара да се впишат промените;
2. Т-број односно регистарски број на топографијата;
3. Податоци за пријавителот односно носителот на правото: презиме, име и
адреса, ако се работи за физичко лице односно назив и седиште ако се работи за
правно лице;
4. Податоци за подносителот на барањето;
5. Назив и/или ознака на топографијата;
6. Податоци за евентуалниот застапник: презиме, име и адреса за физичко
лице, односно фирма и седиште за правно лице и регистарски број на застапникот;
7. Наведување на промената и нејзин опис;
8. Прилози:
(i) забелешка дека е доставено овластување на застапникот, доколку барањето се поднесува преку застапник;
(ii) забелешка дека е доставен доказ за правниот основ на впишување на промената;

(iii) забелешка дека е доставена потврда за платена такса;

(iv) потпис и печат на одговорното лице на пријавувачот, доколку се работи за правно лице, односно потпис на пријавувачот, доколку се работи за физичко лице. Во случај правното или физичкото лице пријавата да ја поднесуваат преку овластен застапник потпис и печат на застапникот.

Образецот ЗЗИС Т-2 е составен дел на овој Правилник.

Ако предвидениот простор во одделна рубрика од Образецот ЗЗИСТ- 2 не е доволен, бараниот податок, со наведување на рубриката и нејзината целосна содржина, се прилага како посебен прилог кон образецот.

Член 9


Овој Правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објабувањето во "Службен весник на Република Македонија".

Вр.ОЗ - 1690/1
03 септември 1998 год.
Скопје
МИНИСТЕР ЗА РАЗВОЈ, Абдименаф Незири

 

Објавено на 01.06.2011