| | Sitemap | EN | SQ
Програма за работа на ДЗИС за 2013 година

Во 2012 година Државниот завод за индустриска сопственост успешно и ефикасно ја реализираше основната надлежност за спроведување административна постапка за стекнување и одржување на правата од индустриска сопственост. Во текот на 2012 година зголемена е ефикасноста во работењето на Заводот што се гледа од зголемениот број на решени предмети, односно издадени решенија, но и од големиот број на разни дејствија преземени во постапката, како и бројот на извршени услуги.

И во текот на 2013 година се очекуваат позитивни резултати во делот на спроведување на управната постапка за признавање на правата од индустриска сопственост со зголемување на бројот на извршени дејствија во постапката и зголемување на ефикасноста во работењето преку понатамошно скратување на времето од поднесување на пријавата до отпочнување на постапката за признавање. При тоа треба да се има предвид дека според Законот постојат рокови кои мора да се почитуваат бидејќи произлегуваат од обврската за правото на првенство и други рокови на постапката согласно меѓународните договори со кои е усогласен Законот за индустриската сопственост.

Меѓутоа, активностите на Заводот во 2012 година беа многу пошироки од спроведувањето на основната законска надлежност, спроведување на управната постапка за признавање и одржување на правата од индустриска соственост. Обезбедувањето ефикасен систем на заштита и спроведувањето на правата од интелектуална сопственост се едни од основните критериуми кои треба да бидат исполнети во процесот на пристапување кон Европската унија и претставуваат обврска која произлегува од Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Ефикасната заштита претставува јасен сигнал за градење поволна пазарна клима и за привлекување странски инвестиции.

Во таа насока, Заводот во текот на 2012 година, во рамките на своите надлежности ги насочи своите активности кон оставрување на таа цел, особено преку активности во врска со реализирање, ажурирање и подготовка на ревизија на НПАА; координирање на активностите за спроведување на Стратегијата за интелектуална сопственост и евалуација на спроведените активности согласно Акциониот план и учество во подготовката на Методологијата за статистичко следење и обработка на податоци за преземени мерки од спроведување на правата од интелектуална сопственост.

Државниот завод за индустриска сопственост имаше активна улога и во делот на зајакнување на системот на заштита на правата од индустриска сопственост. Во 2012 година Координативното тело за интелектуална сопственост продолжи да работи на полето на санкционирање на повредите на правата од интелектуална сопственост. И во 2013 година се очекува Државниот завод за индустриска сопственост да продолжи со координација на активностите на ова тело.

 Во прилог ви го доставуваме комплетниот текст за Годишната програма за 2013 година.


Превземи

Објавено на 02.09.2013