Јелена Пеева е искусен професионалец во државната администрација со повеќе од 17 години искуство во анализа на политики, стратешко планирање и управување со проекти во Генералниот секретаријат на Република Северна Македонија. Била активен член на Оперативната структура за националната развојна стратегија (2024-2044), тесно соработувајќи со меѓународни организации како УНДП и амбасади од Обединетото Кралство и Словачка за развивање инклузивни, одржливи политики.
Јелена дипломирала” Италијански јазик и книжевност” на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, постдипломските студии –“Меѓународни односи и дипломатија” ги продолжува на “Американскиот универзитет” во Скопје . Таа е сертифициран тренер за обучувачи за возрасни, со обемна обука за регулаторни рамки на ЕУ, управување со проекти и стратешки развој.
Во текот на нејзината кариера, има учествувано во организација на преку 60 работилници, ангажирајќи повеќе од 5.000 учесници и 250 домашни и меѓународни експерти за поддршка на развојот на политиките и зајакнување на административните капацитети. Нејзиното искуство вклучува управување со проекти финансирани од ИПА, следење на активностите на НВО и давање стратешки совети за владините тела.
Течно зборува англиски и италијански јазик со елементарно познавање на француски, шпански и грчки јазик.