| | Sitemap | EN | SQ



Награди Макинова 2018

Државниот завод за индустриска сопственост како институција во рамките на промотивните активности на правата од индустриска сопственост, со години наназад го поддржува одржувањето на изложбите на пронајдоци, иновации, нови технологии, индустриски дизајн и младинско творештво и учествува во доделување на наградите, преку свои членови во жири комисијата. Традиционално секоја година, Заводот доделува плакети и парични награди во категоријата на пријавен или заштитен патент/дизајн, жена иноватор и млад иноватор.

На 39. Макинова и 16. Еконова 2018, што се одржа во периодот од 24-28.10.2018 година во организација на СПАТУМ, Државниот завод за индустриска сопственост ги додели следните награди:

1. Плакета за пријавен патент беше доделена на Аргировски Васил, од Скопје, за пронајдокот “Направа за бочно превртување на возила”
2. Плакета за жена иноватор за пронајдокот “Адсорпциона способност на зеолит 4А на тешки метали од почва”, беше доделена на Благица Цекова, од Скопје
3. Плакета за млад иноватор беше доделена на ученикот Марио Пеовски од Берово, за пронајдокот “Теслини струјни кола”.

На овој настан, уште еднаш се потврди креативноста, посветеноста и ангажирањето на пронајдувачите, а посебно на младите иноватори во остварувањето и презентирањето на своите пронајдоци.

16.11.2018


Галерија на слики