Директорот за Државниот завод за индустриска сопственост, господинот Елјеса Незири, ја додели наградата :
“Патент на годината за 2024”
Оваа година за најдобар патент за 2024 година е избран пронајдокот со број на пријава П- 725/2024 од 27 декември 2024 година, со наслов: “Супстанца за апсорпција на топлинска енергија при термално разлагање на литиум јонски батерии” поднесена од Борис Јанковскии Искра Јанковска Михајловска, кои истовремно се и пронајдувачи.
Пронајдувачите пред присутните го преставија својот пронајдок и преку своја видеопрезентација.
Во продолжение беа доделени и наградитена пронајдувачите од Македонија кои ги добија со своето учество на меѓународните саеми за иновации.
Најпрвин, на "Глобалната министерска конференција за безбедност на патиштата"и “Меѓународниот натпревар за пронајдоци и иновации во областа на безбедноста на патиштата” - Маракеш, Мароко, 18 – 22/02/ 2025 професорката AnitaTrajkovska – Broach, која живее и работи во Америка, со нејзиниот пронајдок, беше избрана помеѓу 10 те најдобри пронајдоци, а на крај доби и Златен медал за пронајдокот со наслов: „Подобрена алертност и будност кај возачите со “DopaSun” очила за сонце“.
Сестрата на Анита, поранешна добитничка на Патент на годината за 2022, професорката Анка Трајковска Петкоска, во нејзино име го прими Златниот медал заедно со Сертификатот.
На истиот меѓународен натпревар конкурираше и доби златен медал и пронајдувачот : Шошевски Миле, од Скопје , за пронајдокот „Автономна компактна машина за хоризонтално дупчење под земја за поставување на подземни инсталации“.
На Меѓународната изложба на технички иновации, патенти и пронајдоци Инвент Арена 2024, во Тринец, Чешка, како и на Глобалниотфорум за пронајдоци во Кипар 2024, Лимасол, Кипар, златни медали добија Илија Насов и Анка Трајковска Петкоска, за пронајдокот кој беше и прогласен за Патент на годината за 2022 година, со наслов „Фототермален колектор со подобрена ефикасност на термален абсорбер“ .
Истотака, на Меѓународната изложба на технички иновации, патенти и пронајдоци Инвент Арена 2024, која се одржа во Тринец, Чешка, златен медал доби и Игор Петров од Пробиштип, за неговиот пронајдок со наслов „Опрема за механичка заштита на корен на овошни садници“
На меѓународниот саем во Москва за иновации и технологија, добитник на награда е м-р Стојан Србиновски, за пронајдокот : „Нов тип на цевки за системи под притисок“.