Со цел да им се овозможи на пронајдувачите полесно и поефикасно да ја подготват националната пријава за патент, Заводот за индустриска сопственост донесе одлука старата брошура – водичот за составување на патентна пријава – да ја прилагоди согласно најновата верзија на Законот за индустриска сопственост на Република Северна Македонија.
Дополнително, брошурата е преведена и на албански јазик, со што станува подостапна за сите заинтересирани лица кои во себе го носат духот на пронајдокот и иновацијата.
Со оваа активност, Заводот покажува отвореност и поддршка кон сите поединци кои поседуваат креативен потенцијал што може да се развие и заштити како пронајдок во иднина.
Во продолжение ја споделуваме најновата верзија на брошурата „Како се составува и поднесува пријава на патент“.
Сектор за патенти