Државниот завод за индустриска сопственост на Република Северна Македонија, преку својот ПАТЛИБ Центар, е дел од мрежата на ПАТЛИБ центрите кои функционираат во рамки на Европската патентна организација (ЕПО)
Со задоволство Ве информираме дека:
Овој семинар има за цел да им помогне на универзитетските менаџери да ги идентификуваат клучните предизвици при развивање ефикасна стратегија за управување со интелектуална сопственост (во продолжение на текстот ИС).
Во рамки на сесиите ќе бидат опфатени:
- Изготвување политики за управување со резултатите од истражувањата;
- Начини за комерцијализација на научни иновации заштитени со ИС преку соработка со индустријата и формирање универзитетски спин-оф компании;
- Презентација на студии на случај од универзитети со успешни стратегии за ИС.
Семинарот е наменет за:
- Универзитетски менаџери;
- Истражувачи;
- Вработени во канцеларии за трансфер на технологии;
- Други засегнати страни од академската заедница.
Датум на одржување на сесиите:
- Четврток, 27 Ноември 2025, 10.00-11.30 средноевропско време
- Вторник, 2 Декември 2025, 10.00-11.30 средноевропско време
- Четврток, 04 Декември 2025, 10.00-11.30 средноевропско време
Ве покануваме да ни се придружите и да размениме искуства и идеи за подобрување на управувањето со интелектуалната сопственост во академскиот сектор.
За повеќе информации и регистрација, го споделуваме линкот подолу :
IP strategies for universities