| | Sitemap | EN | SQ



ДЗИС на Република Македонија стана членка на TMview

Од 27 Јули, 2015 година, Државниот завод за индустриска сопственост (ДЗИС) на Република Македонија ги направи јавно достапни своите податоци за трговски марки во алатаката за пребарување на TMview.

Интегрирањето на ДЗИС е конкретен резултат од меѓународната програма за соработка раководена од ОХИМ во соработка со меѓународните партнери.

Ова последно проширување го зголемува бројот на заводите членки во TMview на 40 и додавање на речиси 30 000 дополнителни трговски марки од Република Македонија, TMview сега обезбедува пристап и информации на повеќе од 25,9 милиони трговски марки вкупно.

Од воведувањето на TMview во 13 Април во 2010 година, алатката за пребарување има служено над 14,3 милиони пребарувања од 146 различни земји, од кои најчести посетители и корисници на алатката се корисниците од Шпанија, Германија и Италија.

За повеќе информации читајте во www.tmview.org

27.07.2015