| | Sitemap | EN | SQ
Патент на годината 2013

Традиционално по дваесетти пат на 29 април 2014 година во Хотел “Stone Bridge”, во рамките на одбележувањето на денот на интелектуалната сопственост, 26 април, во организација на Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија, се одржа манифестацијата “Патент на годината -2013”.

На свечениот настан беа присутни пронајдувачи, претставници од стопанството, застапници и други еминентни гости кои директно и индиректно се вклучени во активностите на заштитата на правата од индустриска сопственост. Манифестацијата беше отворена со поздравниот говор од страна на директорот на Заводот г-динот Сафет Емрули.

На почетокот, во рамките на програмата беа презентирани пронајдоците на македонските пронајдувачи кои беа претставени на Меѓународната изложба на идеи, пронајдоци и нови производи –iENA 2013, која се одржа од 30 октомври до 03 ноември во Нирнберг, Германија. Посебна нота на настанот и даде свеченото врачување од страна на директорот г-дин Сафет Емрули, на наградите доделени од страна на меѓународното жири и специјалните награди во следниот редослед:

На пронајдувачите Ресми Зиба, Момчула Јорданоски, Валентина Пеливанова и Ајро Ваит, за пронајдокот “ТЕХНИЧКО ТЕХНОЛОШКО РЕШЕНИЕ ЗА ТРЕТИРАЊЕ И ПРЕРАБОТКА НА ОТПАДЕН МИЛ ОД СТАНИЦИТЕ ЗА ПРЕЧИСТУВАЊЕ НА КОМУНАЛНИ ОТПАДНИ ВОДИ И ДОБИВАЊЕ НА КОМБИНИРАНО ОРГАНСКО-МИНЕРАЛНО ЃУБРИВО“ беа доделени:

-Златен медал од стручното жири
-Златен медал од Меѓународната федерација на здруженијата на инвентори - IFIA
-Златен медал и диплома од Здружението на пронајдувачи на Полска
-Диплома од Асоцијацијата на жени инвентори “NOVA” во Босна и Херцеговина.

-на пронајдувачите Захариев Игор и Чавдаров Ристо, за пронајдокот“МЕХАТРОНИЧКИ МОДУЛ –УПРАВУВАЊЕ ДО 5 ПУМПИ СО ДВОЈНА ПОВРАТНА ВРСКА, АЛАРМЕН СИСТЕМ СО ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА, УЛТРАЗВУЧНА РЕГУЛАЦИЈА И МОБИЛНА КОНТРОЛА“ беа доделени:

-Златен медал од стручното жири
-Златен медал “ARCA” од Хрватската заедница за техничка култура
-на пронајдувачот Рашковски Драги, за пронајдокот “СИСТЕМ И УРЕДИ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО СПРОВЕДУВАЊЕ НА СИТЕ ФОРМИ НА ПОСРЕДНА И НЕПОСРЕДНА ДЕМОКРАТИЈА“ беа доделени:

-Сребрен медал од стручното жири
-Пехар со диплома од Здружението на пронајдувачи на Полска
-на пронајдувачот Веле Нелковски, за пронајдокот “ЕЛЕМЕНТИ ЗА УНИВЕРЗАЛНО БРЗО МОНТАЖНО СКЕЛЕ - ПЛАТФОРМА“ бea доделени:
-Златен медал и диплома од здружението Руска асоцијација за научна и технолошка меѓународна соработка
-на пронајдувачот Мирко Узелац, за пронајдокот “АБРОЗИВНИ ЧИСТАЛИЦИ ЗА САДОВИ И САНИТАРИИ СО ДОДАТНИ ЕЛЕМЕНТИ“ беa доделени:
-Специјална награда и диплома од Првиот институт на пронајдувачи и истражувачи на Исламската Република Иран

Престижната Награда “ПАТЕНТ НА ГОДИНАТА -2013” беше свечено доделена за пронајдокот “ТЕХНИЧКО ТЕХНОЛОШКО РЕШЕНИЕ ЗА ТРЕТИРАЊЕ И ПРЕРАБОТКА НА ОТПАДЕН МИЛ ОД СТАНИЦИТЕ ЗА ПРЕЧИСТУВАЊЕ НА КОМУНАЛНИ ОТПАДНИ ВОДИ И ДОБИВАЊЕ НА КОМБИНИРАНО ОРГАНСКО-МИНЕРАЛНО ЃУБРИВО“, на пронајдувачите Ресми Зиба, Момчула Јорданоски, Валентина Пеливанова и Ајро Ваит и свечено им ја врачи директорот на Заводот г-динот Сафет Емрули.

Целта од одржување на настанот е не само да се поттикне креативноста и творештвото на мекедонските пронајдувачи туку и да се искористи системот на заштита на правото со патент во нивното деловно работење.

 

Објавено на 30.04.2014