| | Sitemap | EN | SQ
ПАТЕНТ НА ГОДИНАТА 2014

радиционално, по дваесет и први пат на 27 април 2015 година во конференциската сала на Хотел “Bushi“, по повод одбележувањето на денот на интелектуална сопственост, во организација на Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија, беше свечено доделена високо престижната награда “Патент на годината - 2014“.

На официјалната церемонија беа присутни еминентни гости и претставници кои се директно или индиректно вклучени во процесот на заштита со правата од интелектуална сопственост.
На присутните гости им се обрати со поздравен говор заменик директорот на Заводот г-динот Мите Костов, кој говореше и за најновите активности во обемот на индустриска сопственост со кои се повеќе се хармонизира работата на Заводот со светските и европските норми.
На почетокот, во рамките на програмата под мотото “Избори се за музиката“ беше пренесена пораката на генералниот директор на Светската организација за интелектуална сопственост г-динот Francis Gurry кој зборуваше за важноста од креирање на фер договори за музичарите, креаторите и изведувачите во дигиталната економија.

Доделувањето на престижната награда “Патент на годината - 2014“ даде посебна нота на настанот. Наградата “Патент на годината – 2014” беше свечено доделена на пронајдувачот Јоти Поповски за пронајдокот “Биолошки филтер за нитрати“, од страна на заменик директорот на Заводот г-динот Мите Костов. Пронајдокот нуди ново конструктивно и технолошко решение кое со помош на анаеробна ферментација ги отстранува нитратите од водата за пиење. За идејата и придобивките при техничката инсталација на пронајдокот зборуваше и пронајдувачот Јоти Поповски.

Целта од одржување на настанот беше да се промовира дискусија за улогата на интелектуалната сопственост во поттикнување на создавање на иновации и уметнички креации.

Објавено на 04.05.2015