Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија, ќе го одбележи 26 април, Светскиот ден на интелектуалната сопственост, со свечено доделување на награда “Патент на годината - 2016“. Манифестацијата ќе се одржи во конференциската сала на Хотел “Bushi“ – Скопје и на неа ќе бидат присутни понајдувачи, застапници и други претставници кои се директно или индиректно вклучени во процесот на заштита со правата од интелектуална сопственост.
Повеќе имформации за манифестацијата ќе бидат објавени по нејзиното одржување.