| | Sitemap | EN | SQ
ПАТЕНТ НА ГОДИНАТА 2017

26 април, Светскиот ден на интелектуалната сопственост, Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија го одбележа со свечената манифестација “Патент на годината - 2017“. На манифестацијата беа присутни понајдувачи, застапници и други претставници кои се директно или индиректно вклучени во процесот на заштита со правата од интелектуална сопственост.

Во поздравниот говор, директорот на Заводот Д-р Сафет Емрули, на присутните гости, им се обрати и ги изнесе најновите активности во областа на индустриска сопственост како и укажа на идните активности кои ќе се превземат за подобрување на работата на Заводот како и активностите кои што Заводот ќе ги превземе со цел да се подигне јавната свест за значењето и придобивките на правата од индустриска сопственост.


Традиционалнта награда “Патент на годината - 2017“, беше доделена на пронајдувачот Виктор Настев, за пронајдокот “УРЕД СО ЕЛЕКТРИЧНО ИЛИ ПНЕВМАТСКО ЗАДВИЖУВАЊЕ НА ПРЕКЛОПЕН МЕХАНИЗАМ ЗА ИНИЦИРАЊЕ НАМАЛУВАЊЕ НА БРЗИНА НА ВОЗИЛА”. На присутните гости им се обрати и пронајдувачот, г. Настев претставувајќи го неговиот пронајдок како и неговата примена.

Исто така на оваа манифестација, заменик директорот на Заводот, г-дин Горан Герасимовски ги врачи и наградите на македонските жени пронајдувачи кои беа добиени на Меѓународна изложба на жени пронајдувачи “KIWIE 2017”.

Објавено на 02.05.2018