| | Sitemap | EN | SQ



KIWIE 2016

Во Меѓународната изложба организирана од меѓународната организација на жени пронајдувачи од Кореа ”KIWIE 2016” која се одржа од 16 до 19 Јуни во Сеул, Јужна Кореја, учестуваа жени пронајдувачи од 17 земји од Азија, Европа и Африка. Државниот Завод за Индустриска Сопственост на Република Македонија учествуваше со два пронајдоци:

1.МИКРОКОМПЈУТЕРСКИ СИСТЕМ СО ИНТЕЛИГЕНТНИ СЕНЗОРИ ЗА ДЕТЕКЦИЈА НА СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА, СО КОМПЛЕТЕН ИЗВЕШТАЈ НА НЕЗГОДАТА . на пронајдувачите Стојанова Фиданка и Захариев игор и

2. ОРИГИНАЛНА ШЕМА ЗА ПЕРОРАЛНО/ТОПИСКИ, ЛОКАЛЕН ТРЕТМАН ЗА МАШКА ЌЕЛАВОСТ пронајдокот од областа на медицината на пронајдувачот Весна Антовска.
Пронајдоците на изложбата беа вреднувани од Стручната комисија на KIWIE 2016, составена од членови, експерти од различни области на науката и техниката како и со специјални награди од други претставници од земјите учесници на изложбата.
Стручната комисија на KIWIE 2016, за презентираните македонски пронајдоци ги додели следните награди:

1. СРЕБРЕН МЕДАЛ со диплома за пронајдокот “МИКРОКОМПЈУТЕРСКИ СИСТЕМ СО ИНТЕЛИГЕНТНИ СЕНЗОРИ ЗА ДЕТЕКЦИЈА НА СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА, СО КОМПЛЕТЕН ИЗВЕШТАЈ НА НЕЗГОДАТА . на пронајдувачите Стојанова Фиданка и Захариев игор

2. БРОНЗЕН МЕДАЛ со диплома, за пронајдокот “ОРИГИНАЛНА ШЕМА ЗА ПЕРОРАЛНО/ТОПИСКИ, ЛОКАЛЕН ТРЕТМАН ЗА МАШКА ЌЕЛАВОСТ пронајдокот од областа на медицината на пронајдувачот Весна Антовска.

За време на доделување на наградите од страна на неколку земји и асоцијации се доделени и други награди и тоа:

-пронајдокот на Фиданка Стојанова и Игор Захариев: се здоби со диплома и национална чинија награда од Институтот за заштита на Патенти Република Турција, златна медаља и диплома од Асоцијација на пронајдувачи (CAI) Р. Кина и диплома од Meѓународно здружение на иноватори (TISIAS) Торонто Р. Канада.

-пронајдокот на Весна Антовска се здоби со диплома и национална вазна наградата доделена од страна на Институтот на пронајдувачи (FIRI) на Исламска Република Иран, диплома од Асоцијација на пронајдувачи (CAI) Р. Кина, златна медаља и диплома од Асоцијација на пронајдувачи од Република Таиланд и златна медаља и диплома од Асоцијација на пронајдоци и иноватори (INNOPA) Република Индонезија.

28.06.2016