
На 27 април 2018 година во Тирана беше потпишан Меморандум за разбирање помеѓу Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија и Генералниот директорат за индустриска сопственост на Република Албанија.
Од страна на Државниот завод за индустриска сопственост, овој Меморандум за разбирање беше потпишан од Генералниот директор, г-дин Сафет Емрули и од страна на Генералниот директорат за индустриска сопственост, генералниот директор, г-дин Елвин Лако.
Потпишувањето на овој Меморандум ја поттикнува меѓусебната соработка со цел да се промовира, да се подигне свеста и да се зајакнат националните системи за индустриска сопственост со цел да се гарантираат, заштитат и користат правата од индустриска сопственост.
Меморандумот за разбирање предвидува специфични области на соработка помеѓу двете институции со цел да се постигнат целите како што се меѓусебната размена на искуства, информации и публикации од областа на индустриската сопственост, подигањето на свеста за заштитата на индустриската сопственост за јавноста и нејзино унапредување, политиката за обука на вработените според програми за специјализација или семинари.