
На 12 и 13 септември продолжија активностите во рамките на кампањата "25 години ДЗИС - Месец на ИС", овој пат во градовите Охрид и Струга. Во Охрид беше организиран заеднички семинар за правата од ИС со претставниците на бизнис заедницата од двата града, Охрид и Струга . На семинарот, беа традоначалникот на Охрид, г-динот Јован Стојаноски, заменик директорот на ДЗИС, г-динот Горан Герасимовски како и државниот советник г-дин Али Асани.
Во центарот на Охрид и Струга беа поставени штандови на кои се делеше промотивен материјал и се одговараше на големиот број на прашања кои беа поставени од страна на заинтересираните граѓани.