Државниот завод за индустриска сопственост, во рамките на активностите за одбележување на 25 годишнината од основањето, ќе организира конференција на тема Трансфер на технологија и правата на интелектуална сопственост во Република Македонија. Конференцијата се организира во соработка со Заедничкиот истражувачки центар на Европската Комисија и на истата ќе земаат учество еминентни експерти од Светската организација за интелектуална сопственост, Европскиот патентен завод, Заедничкиот центар за истражување на Еврoпската комисија како и национални експерти.
Конференцијата ќе се одржи на 18 октомври 2018 година во Музејот на современата уметност во Скопје со почеток во 09:00 часот.