| | Sitemap | EN | SQ



Конференција "Трансфер на технологија и правата на интелектуална сопственост во Република Македонија"

Во рамките на активностите за одбележување на 25 годишнината од основањето, Државниот завод за индустриска сопственост, на 18 октомври, организираше Конференција на тема: Трансфер на технологија и правата на интелектуална сопственост во Република Македонија.
Конференцијата беше отворена со говорот на министерот за економија г-динот Крешник Бектеши, по што следеа и говорите на г-дин Сафет Емрули, директор на ДЗИС, Жељко Топич, заменик претседател на Европскиот патентен завод, г-ѓица Силвија Трпковска, претставник на Светската организација за интелектуална сопственост и на крајот од првиот дел од конференцијата г-динот Горан Герасимовски, заменик директор на ДЗИС ја претстави Монографијата за 25 години Завод.

После поздравните говор, конференцијата продолжи со својот работен дел, на кој беа одржани следниве 4 презентации:

- Најдобри практики, предизвици и можности за промоција на трансфер на технологии и иновации - Мина Николова-Крес, Координатор, Европски патентен завод
- Спецификации на трансфер на технологија во индустријата за ИТ - Ѓорѓи Филипов, Прв директор на ДЗИС
- Комплет со алатки на СОИС за академски институции - Силвија Трпковска, Виш програмски офицер, СОИС и
- Инструменти за поддршка на МСП во Македонија за иновации и технолошки развој за зголемување на нивната конкурентност - Бисера Јордановска, Фонд за иновации и технолошки развој

Инаку, на конференцијата, освен претставниците на регионалните национални заводи за интелектуална сопственост учествуваа и над 120 претставници од сите чинители на системот на интелектуалната сопственост во Република Македонија

25.10.2018


Галерија на слики