| | Sitemap | EN | SQ



26 Април - Светскиот ден на ИС и Патент на годината

По повод одбележувањето на “26 Април - Светскиот ден на интелектуалната сопственост”, Државниот завод за индустриска сопственост ќе ја организира манифестација во која свечено ќе биде доделена нагрaдата на “Патент на година 2018”. Свеченоста ќе се одржи на 25 април 2019 година во "Хотел Солун " со почеток во 11:00 часот.

Исто така, ќе се реализира и промотивна кампања за подигање на свеста за заштитата на правата од индустриска сопственост. Ќе бидат поставени штандови на плоштад Македонија како и во Скопје Сити Мол. На штандовите ќе биде поделен промотивен материјал како и ќе се одговара на прашањата на заинтересираните граѓани.

23.04.2019