| | Sitemap | EN | SQ



Спроведени три координирани акции од страна на КТИС во месец Јуни 2019 година

Координативното тело за интелектуална сопственост во рамките на своите надлежности за воспоставување координација во спроведувањето на заштитата на правата од индустриска сопственост, во средината на месец јуни 2019 година спроведе координирани активности кај три правни субјекти, кај кои постои повреда на правата од индустриска сопственост. Активностите се спроведени по претходно барање за постапување, поднесено од страна на  носителите на правата. За ефикасно спроведување на мерките и активностите, во надзорите учествува претставници на Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Министерството за внатрешни работи.

При извршените инспекциски надзори кај посочените субјекти во Пријавите за повреда на правата од индустриска сопственост, утврдено е дека наводите во барањата се основани.

Во овие акции одземени се вкупно 74 производи  со кои се повредуваат правата од индустриска сопственост (74 градежни производи)и 5100 производи со кои исто така се повредуваат правата од индустриска сопственост (5100 овошни пјалоци).  

Во овие акции донесени се решенија со кои на правните субјекти им се наредува да ги повлечат од употреба производите и документите кои се однесуваат на производот.

Спроведени се и постапки за порамнување, при кои на сторителите на прекршоците им е изречена глоба во висина од 6000 евра во денарска противвредност за правното лице и 1.800 евра во денарска противредност за одговорното лице во правното лице. Бидејќи постапките за порамнување беа неуспешни, поднесени се барања за поведување на прекршочни постапки до надлежен суд.

12.07.2019