| | Sitemap | EN | SQ



Австралија стана членка на TMview

TMview

Од 6 Aприл, 2020 година, базата на трговски марки на Заводот за интелектуална сопственост на Австралија (IP Australia) се јавно достапни во алатаката за пребарување на TMview.

Со учленување на IP Australia во Tmview вкупниот број на заводи членки стана 74. Со 1.6 милиони трговски марки на IP Australia вкупниот број на трговски марки достапни за пребарување порасна на 59.1 милиони.

Од воведувањето на TMview во април 2010 година, оваа алатка опслужи повеќе од 70 милиони пребарувања од 169 различни земји, со Шпанија, Кина и Германија меѓу најчестите корисници. Подобрената верзија на TMview беше лансирана во април 2020 година со нови функции, кориснички интерфејс и подобрено искуство во пребарување.

Интегрирањето на IP Australia е конкретен резултат од меѓународната програма за соработка раководена од EUIPO во соработка со меѓународните партнери.

За повеќе информации читајте на www.euipn.org или www.tmview.org

06.04.2020