| | Sitemap | EN | SQ



Се одржа 125-иот Комитет за буџет и финансии

Директорот на ДЗИС, Горан Герасимовски вчера учествуваше на 125. Комитет за буџет и финансии организиран од Европската патентна организација.
Во рамки на Комитетот се дискутираше за прилагодување на буџетот на ЕПО и проценка на ризикот за мерките што треба да се преземат во овој период на пандемија за 2021 година и покривање на празнините за тековната година.


Предлог-буџетот за 2021 година го одразува одговорот на ЕПО за опкружувањто создадено од оваа пандемија, воспоставувајќи претпазлив пристап кон проценка на макроекономскиот ризик.

29.10.2020


Галерија на слики