| | Sitemap | EN | SQ



Работна посета на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

Директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, м-р Горан Герасимовски, денес на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, имаше работен состанок со проф.д-р Владо Бучковски, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и со раководителот на последипломските студии по право на интелектуална сопственост-проф. д-р Гоце Наумовски, алумни-амбасадор на Универзитетот во Стразбур. На состанокот беа утврдени насоки за соработка во рамките на Pan-European Seal, заедничка програма за размена на студенти и практиканти во Европскиот патентен завод и во Заводот за интелектуална сопственост на Европската унија. Директорот Герасимовски ја истакна подготвеноста на ДЗИС за реализација на  конкретни проекти меѓу научната заедница и сите чинители од областа на индустриската сопственост во национален, регионален и европски контекст.

29.10.2020


Галерија на слики