| | Sitemap | EN | SQ



Блерим Идризи назначен за заменик директор на ДЗИС

На втори ноември Блерим Идризи официјално ја презема функцијата заменик директор на Државниот завод за индустриска сопственост.
Истакна дека ќе биде посветен, професионално и стручно ќе ги извршува работните обврски. Исто така изрази заложба за подигнување на јавната свест во полето на индустриската сопственост, организирајќи различни активности секаде низ државата.

Тој посочи голема надеж и посветеност во работата на Заводот, со цел да го подигнаме нивото на работата и да бидеме во тек со последните настани што се од областа на интелектуалната сопстевеност.

02.11.2020


Галерија на слики