| | Sitemap | EN | SQ



Работна посета со директорот на Фондот за иновации и технолошки развој

Директорот на Државниот завод за индустриска соптвеност Горан Герасимовски денеска се сретна со директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Коста Петров. Во рамки на средбата се дискутираше за интензивирање на соработката меѓу двете институции.
Двете институции ќе работат заеднички за подигнување на свеста за потребата од патентирање на производите и бенефитите кои доаѓаат од заштитата. Со заштита на своите производи македонските иноватори и компаниите стануваат поконкурентни домашниот и странските пазари.
Државниот завод за индустриска соптвеност ќе се вклучува преку стручни совети во инфосесиите за аплицирање на јавните повици на ФИТР. Соработката во оваа насока ќе биде конкретно дефинирана во следниот период.

27.11.2020


Галерија на слики