| | Sitemap | EN | SQ



Се одржа стручниот испит за застапници

Денеска на Правниот факултет кандидатите за застапници го полагаа писмениот и усмениот дел од стручниот испит со кој треба да добијат лиценца од Државниот завод за индустриска сопственост.
Застапниците имаат значајна улога во заштитата на правата од индустриска сопственост. Тие имаат посебни познавања, висок степен на едуцираност и особено познавање на домашното, странското и меѓународното право. Нивната улога е посебно важна при водење постапка за заштита на правата од индустриска сопственост пред судовите.
Во иднина ДЗИС со нивна помош ќе ги решава проблемите и ќе ги подобрува условите за заштита на правата на интелектуална и индустриска сопственост.

02.03.2021


Галерија на слики