MENU
Државниот завод за индустриска сопственост и Министерството за внатрешни работи ја продлабочуваат соработката во борбата против пиратеријата и прекршувањето на правата на индустриска сопственост.На денешниот состанок меѓу директорот на Државниот завод за индустриска сопственост Горан Герасимовски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски беше разговарано за улогата, активностите и пријавите по кои постапува Координативното тело за индустриска сопственост при ДЗИС како и понатамошната соработка меѓу институциите во делот на дигиталните медиуми и социјалните мрежи преку Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР.Целта на ДЗИС е да се зајакне соработката меѓу Координативното тело и сите релевантни институции со цел да се забрза процесуирањето при решавање на предметите кои стигнуваат до Координативното тело. Само преку заедничка соработка и подигнување на јавната свест за потребата и бенефитите од заштита на правата на интелектуална сопственост може да се стопира прекршувањето на правата на интелектуална сопственост.
11.03.2021
Учете како да пребарувате во нашите бази на податоци, и како да дојдете до вредните информации брзо и лесно!
Национални бази на податоци
Меѓународни бази на податоци
Ако ви треба помош за правата на индустриска сопстеност, за да се осигурате која од правата повеќе ви одговара, ве молиме да не контактирајте не! Центар за информации
Тука може да ги најдете одговорени често поставените прашања од страна на луѓето! Читај повеќе
Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. Потребни ми се дополнителни информации