| | Sitemap | EN | SQ



Меѓународна конференција Трендови на дигитална трансформација Интелектуална сопственост и вештачка интелегенција

Денеска ДЗИС учествува на Конференцијата „ Трендови на дигитална трансформација Интелектуална сопственост и вештачка интелегенција“ организирана од Роспатент Руската федерална служба за интелектуална сопственост.
Вештачката интелигенција се развива со огромно темпо, влијаејќи на сите области на животот. Дејствувајќи како мотор на најважните промени, глобалниот пазар на вештачка интелигенција ја илустрира промената во векторот на светскиот тек на историјата - степенот на човечко влијание врз текот на производствениот циклус постепено се намалува.
Денес, еден од индикаторите за раст на побарувачката за ВИ технологии е зголемувањето на бројот на организации и владини тела кои користат вештачка интелигенција за подобрување на ефикасноста на нивните активности. Развојот на технологиите за вештачка интелигенција привлекува инвестиции од правни и физички лица.
Сепак, без создавање на потребните услови за понатамошен развој на вештачката интелигенција, нема шанси да се изгради ефикасен економски модел на иднината. Денес можеме да видиме дека човештвото се соочува со дилема, каде е границата помеѓу човечката креативност и вештачката интелегенција? Како можеме да ги избегнеме разорните ефекти на вештачката интелегенција врз деловната заедница? Кој треба да биде новиот регулаторен систем? И, со кои предизвици се соочува областа на интелектуалната сопственост? Овие и други прашања се дискутираат во рамките на Конференцијата „ Трендови на дигитална трансформација Интелектуална сопственост&Вештачка интелегенција“.

22.04.2021


Галерија на слики