| | Sitemap | EN | SQ



Консултативна средба со партиите на ЦЕФТА за можен проект на ЕУФ за ИП

Република Северна Македонија учествуваше на консултативен состанок со земјите на ЦЕФТА за охрабрувачки обид за проект финансиран од ЕУ во областа на интелектуалната сопственост, вклучително и земјите од Западен Балкан.

Главната цел на овој проект е да придонесе кон регионална интеграција на правата на интелектуална сопственост, како дел од регионалната економска интеграција, олеснување на меѓу-регионалната трговија со стоки и услуги помеѓу земјите на ЦЕФТА и трговијата со земјите од Европската унија заради постабилна економија.

Проектот ќе започне да се спроведува во 2023 година.

17.06.2021


Галерија на слики