Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO), секоја втора година организира симпозиум за географски ознаки во различни земји во светот. Годинава во услови наметнати од пандемијата, WIPO-Симпозиумот за географски ознаки 2021, се реализираше онлајн од 6 до 8 септември. Во рамките на симпозиумот реализирана е и виртуална изложба на заштитени географски називи на која зедоа учество со свои промотивни материјали 40 земји, од вкупно 193 земји членки на WIPO, како и ЕУ.
Република Северна Македонија учествуваше со два свои производи: ОХРИДСКИ БИСЕР и КОЧАНСКИ ОРИЗ. За таа цел, за двата производи Државниот завод за индустриска сопственост подготви аудио-видео записи како и текст за националната и меѓународна заштита на овие производи, поддржана со националната и меѓународната легислатива. Подготвениот материјал е прифатен од WIPO и претставува дел од изложбата која ќе биде достапна за јавноста цела година, односно до септември 2022 година.
Платформата за виртуалната изложба е поставена и одржувана од WIPO. Самата идеја на WIPO преточена во вака реализираната изложба, претставува голем предизвик за промоција на производи со заштитено географски потекло на сите 40 земји учеснички но и за запознавање на јавноста на глобално ниво со широк спектар на производи заштитени со географско потекло во светот, легислативата и условите за заштита во тие земји и територијата на ЕУ. Секако дека учеството на оваа изложба Заводот, покрај другото го гледа како голем бенефит во промовирањето на потенцијалите на земјата како и на Република Северна Македонија воопшто. Изложбата е достапна на веб страната на WIPO на следниот линк https://www.wipo.int/geo_indications/en/symposia/2021/.