| | Sitemap | EN | SQ



Наградени трите најиновативни македонски пронајдоци во рамки на МАКИНОВА 2021

Државниот завод за индустриска сопственост како институција во рамките на промотивните активности на правата од индустриска сопственост, со години наназад го поддржува одржувањето на изложбитена пронајдоци, иновации, нови производи, индустриски дизајн и младинско творештво и учествува во доделување на наградите, преку свои членови во жири комисијата. Традиционално  секоја година, Заводот  доделува плакети и парични награди во категоријата на пријавен или заштитен патент/дизајн, жена иноватор и млад иноватор.

 На 42. Макинова и 19. Еконова 2021, во организација на СПАТУМ, што се одржа on-line поради пандемијата, во периодот од 08-10 ноември 2021, Државниот завод за индустриска сопственост ги додели следните награди:

  1. Плакета за жена иноватор за пронајдокот “Автоматска паркинг рампа”, беше доделена на проф. Сениха Брзева и проф. Оливера Таневска
  2. Плакета за млад иноватор беше доделена на ученикот Маријан Багевски, за пронајдокот “Термоелектричен нож со автоматска контрола на температурата”
  3. Плакета за млад иноватор беше доделена на ученичката Јована Димитрова, за пронајдокот “Вертикален плотер”.

Овој настан уште еднаш ја потврди креативноста, посветеноста  и ангажирањето на пронајдувачите, а посебно на младите иноватори во остварувањето и презентирањето на своите пронајдоци.

17.11.2021


Галерија на слики