| | Sitemap | EN | SQ



Известување за назначување на новиот Директор на ДЗИС

На 21 Декември, 2021 М-р Ибуш Јусуфи официјално ја презема функцијата на в.д. Директор на Државниот завод за индустриска сопственост.

“Подготвени за справување со сите нови предизвици кои ги носи денешницата, остануваме исправени, продолжувајќи да работиме со висок степен на ентузијазам, транспарентно и неуморно на заштитата на правата од индустриска сопственост, а во тие рамки и на поттикнувањето на креативниот ум.

Околностите во кои се наоѓа светот денес, пандемијата, недостатокот од енергија, загадувањето на планетата, во центарот на вниманието ги ставаат токму иновациите и иновативното размислување поддржани со индустриската сопственост. Ентузијазмот, колективната мудрост, генијалност и креативност, отелотворени во иновациите и иновативните решенија водат кон решавање на  заедничките, глобални предизвици со единствена цел обликување на безбедна и одржлива иднина.

Од исклучителна важност е поддршката на иноваторството во решавањето на актуелните предизвици вклучувајќи го при тоа и потенцијалот на младите луѓе да иновираат и да поттикнуваат промени за подобра иднина. Движејќи се по ваква патека секако дека ќе дадеме придонес кон растот на националната економија и создавањето услови младите да ги реализираат своите таленти дома.” истакнува  Директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, Јусуфи.

Сите вработени во Државниот завод за индустриска сопственост истакнаа благодарност до м-р Горан Герасимовски, кој претходната година раководеше со оваа инситуција. Заводот продолжува со тековните, но и дополнителни активности, во согласност со приоритетите на новото раководство. Целта е да се истакне важноста на заштитата на интелектуалните права и големиот придонес кој иновациите го имаат за развој на економијата и државата.

31.12.2021