| | Sitemap | EN | SQ



Известување за нашите бази на податоци за ТМ и ИД

Почитувани корисници, 

Ве известуваме дека базите на податоци за пребарување на трговски марки и индустриски дизајн на нашата веб страна не се ажурирани веќе извесно време. 

Поради технички проблем сервисот за ажурирање не работи. Исто така, со посочениот проблем базите на податоци како што се TMview и DESIGNview не се ажурирани. 

Базите на податоци на Светската организација за интелектуална сопственост во кои ДЗИС е членка не се засегнати од горенаведениот проблем, затоа ве советуме привремено да ги користите Global Brand и Global Design за вашите пребарувања, иако сме свесни дека објавените податоци се ограничени.

Исто така, базата за пребарување на патенти не е засегната од горенаведениот проблем. 

Нашата ИТ екипа работи на проблемот и во најскоро време нашите бази за тровоски марки ин индустриски дизајн ќе бидат ажурирани. 

Ви благодариме за вашето трпение и разбирање. 

11.02.2022