| | Sitemap | EN | SQ



Државниот завод за индустриска сопственост го имплементира “СР3“

Државниот завод за индустриска сопственост (ДЗИС) го објавува ДОКУМЕНТОТ ЗА ПРАКТИКАТА (СР3),врз основа на кој се определува кога фигуративните трговски марки што содржат само описни/недистинктивни зборови ги исполнуваат условите за признавање при испитување на апсолутните причини, бидејќи фигуративните елементи се доволно дистинктивни.

Овој документ е резултат на заедничките напори на ДЗИС и Заводот за интелектуална сопственост на Европската унија (ЕУИПО), како дел од активностите во рамките на меѓународната соработка и има за цел да ја зголеми точноста, транспарентноста, правната сигурност и предвидливоста во интерес на корисниците и испитувачите.

Документот се објавува заради запознавање на корисниците со практиката што ДЗИС ќе ја применува од 14 март 2022 година.

Документот за практиката е поделен на два дела. Првиот дел ги објаснува критериумите и главните принципи на практиката. Вториот дел содржи јасно и сеопфатно објаснување на тие принципи.

Документот е достапен ТУКА:

14.02.2022