| | Sitemap | EN | SQ



ДЗИС го пречека новиот иноватор од Тетово

Денеска директорот на ДЗИС Ибуш Јусуфи заедно со заменик. Директорот Блерим Идризи го пречекаа новиот иноватор, Амин Османи од Боговина, Тетово. На средбата на Амин му беше врачено решението за патент, кое во соработка со професорот по роботика го покажа својот талент откривајќи: Систем (сензор) за минување на пешаците на нивните премини.

Оваа иновација ќе им послужи на пешаците да го избегнат ризикот од судир со автомобили, кои циркулираат во сообраќајот. Овој сензор ги алармира пешаците и возачите, тој е особено наменет за луѓе кои ги изгубиле сетилата за вид и слух.

Ние како институција секогаш ќе бидеме во поддршка на иновативните млади луѓе и нивното охрабрување, да придонесат на ова многу важно поле.

17.02.2022


Галерија на слики