| | Sitemap | EN | SQ



Електрични изуми на полицаец од Тетово

Директорот на ДЗИС, г. Ибуш Јусуфи денеска го пречека ефективот и иноваторот, г. Али Касами. Освен професијата, г. Касами се занимава со иновации, особено со електрични и електронски. Користи електрични мотори, како и други електронски делови за машините.
На денешната средба, г. Касами направи презентација на проектите што ги реализира, меѓу кои и електричната лулка, машината за мешање ајвар, машината за печење костени и тридимензионалните логоа и изразил интерес за патентирање на истите.
Друг интересен проект на Али е производство на електрична енергија од обновливи извори, преку електромагнети, процес кој би ги намалил трошоците за домаќинството.
Овие пронајдоци беа добро прифатени од заводот и со континуирана поддршка се очекува да започне процесот на патентирање.

15.03.2022


Галерија на слики