На 30 мај 2022 година се одржа осмата седница на Координативното тело за интелектуална сопственост. На седницата се разговараше за тековните и идни активности на телото.
Раководителот Блерим Идризи извести дека на ден 27.05.2022 година во Скопје биле спроведени координирани контроли во кои согласно потребите на Координативното тело учествувале инспектори од Државен пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи и полициски службеници од Министерството за внатрешни работи. Контролите биле извршени во вкупно 10 објекти во кои биле констатирани неправилности и повреди на права од индустриска сопственост поради незаконско користење на реномирани трговски марки: Puma, Lacoste, Tommy Hilfiger и други. Во оваа акција биле изречени глоби од страна на Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи.