| | Sitemap | EN | SQ



Состанок помеѓу претставници на ЕУИПО и националните заводи за интелектуална сопственост на земјите од Западен Балкан

На 15.07.2022 година во Женева, на маргините на Генералното собрание на Светската организација за интелектуална сопственост, се одржа годишниот состанок на високо ниво помеѓу извршниот директор на Заводот за интелектуална сопственост на Европската Унија, г-дин Кристијан Аршамбо и директорите на националните заводи за интелектуална сопственост на земјите од Западен Балкан.

Ibush Jusufi

 

На состанокот, директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, м–р Ибуш Јусуфи, во рамките на своето излагање го презентираше статусот на соработката на ДЗИС со ЕУИПО, имплементирањето на заедничките практики на земјите-членки на ЕУ во областа на трговските марки (СР3 и СР4), тековните активности за имплементација на алатките на ЕУ мрежата за интелектуална сопственост (потполно интегрирање во TMClass, електронско поднесување пријави за трговски марки и индустриски дизајн и CESTO), како и предлози за соработка за наредната година.

19.07.2022


Галерија на слики