| | Sitemap | EN | SQ



Техничка работилница за дискусија и ажурирање на податоци и постапки за имплементација на Front Office е-платформа за патенти

На 15 декември 2022 година, Државниот завод за индустриска сопственост (ДЗИС) на Република Северна Македонија, во рамките на билатералните активности за соработка, ја организираше третата техничка работилница за имплементација на платформата Front Office со Европскиот патентен завод (ЕПО). Целта на оваа работилница беше да се ажурираат и прецизираат податоците добиени во претходните сесии, и да се отвори дискусија за следните чекори од проектот. 

Front Office е веб платформа која им овозможува на подносителите, пронаѓачите и застапниците да поднесуваат пријави на патенти преку интернет.
Во рамките на агендата предвидена за оваа работилница се разви дискусија помеѓу тимот на експерти од ЕПО и вработени од Заводот со цел да се подобрат функциите од страна на Заводот и да се поедностави внесот на податоци од страна на корисниците.

На сесијата беа разгледани прашања во врска со модусот на плаќање при користењето на различните процедури за поднесување на поедините видови на пријави поднесени од странски физички и правни лица. За сите овие постапки се дискутираа прашања во врска со начинот на внес на податоци од страна на корисниците доколку се работи за домашни пријави и можноста за внес и превземање на податоци од интернет портали од страна на Светската организација за интелектуална сопственост – WIPO и Европската патентна организација – EPO. Се предложи да се воведе нова секција на поднесување за “меѓународно поднесување според ДСП” со поврзување на WIPO интернет порталот. За да се имплементира оваа функционалност, тоа би можело да биде идно подобрување со создавање нов тип на поднесување во контролната табла, самостојна процедура, за поддршка на валидацијата на поднесоците на ДСП на национално ниво.

Во рамките на следни активности, Заводот треба треба да ги конфирмира отворените прашања, ЕПО канцеларијата треба да ги испита полињата за измена со цел да се хармонизира со правната рамка на Заводот и на следната сесија треба да се демонстрира развојот и функционалноста на Валидациите за европски пријави, национални пријави и последователни поднесоци.

15.12.2022


Галерија на слики