| | Sitemap | EN | SQ



Front Office - платформа за поднесување на пријави на патент

Државниот завод за индустриска сопственост на Република Северна Македонија на 02 октомври 2023 ја пушта во употреба Front Office платформата за електронско поднесување на пријави на патент и дополнителни поднесоци.

ДЗИС во програмата за билатерална соработка со ЕПО и во рамките на своите активности за дигитализација на услугите на институцијата заедно ја развиваа е-платформата Front Office, која овозможува побрз и поедноставен пристап за заштита на правото на патент.


Во Front Office платформата ќе може да се пристапи директно на следниот линк https://e-prijava.ippo.gov.mk (линкот ќе биде достапен на 02.10.2023 од 09:00ч), и истиот линк може да се најде на нашата веб страна.

Порталот содржи модули за поднесување на национални и меѓународни пријави, како и модули за поднесување на пријави за признавање на европски патенти со поднесување на барања за издавање на дополнителни сертификати.

Сите овие постапки се изведуваат преку дигитални алатки изработени во согласност со националниот закон за индустриска сопственост и ратификуваните меѓународни конвенции и договори за поднесување и признавање на правото на патент.

Во врска со начинот на користење на порталот, во следниот линк https://rise.articulate.com/ може да се пристапи кон Front Office обуката која ги објаснува основните функционалности на платформата.

26.09.2023