| | Sitemap | EN | SQ



Обраќање на директорот Блерим Идризи по повод 26 април, Светскиот ден на интелектуалната сопственост

Темата на Светскиот ден на интелектуалната сопственост 2024 година

ИНТЕЛЕКТУАЛНАТА СОПСТВЕНОСТ И ЦЕЛИТЕ НА ОДРЖЛИВИОТ РАЗВОЈ:

„Градење заедничка иднина со иновации и творештво“

 

Почитувани,

Секоја година, 26 април, заедно, на глобален план, го славиме Светскиот ден на интелектуалната сопственост, со цел повторно да ја потенцираме улогата што правата на интелектуалната сопственост ја имаат во поттикнувањето на иновациите и творештвото.

Државниот завод за индустриска сопственост е најважниот носител на заштитата на правата од интелектуална сопственост во Република Северна Македонија, преку грижата за правата од интелектуална сопственост како многу важен инструмент за соодветна валоризација на правата од интелектуална сопственост и еден од значајните фактори за развој на пазарот.

Државниот завод за индустриска сопственост, преку континуирана посветеност на заштитата на индустриската сопственост и активностите кои ги спроведува секоја година во чест на 26 април, Денот на интелектуалната сопственост, во текот на својата 30-годишна историја, континуирано дава поддршка на иновативните напори на творците и компаниите во земјата, како еден од главните чинители за економски раст, кој секојдневно придонесува кон зајакнување на патеките на одржлив развој во Република Северна Македонија.

Оваа година, во согласност со програмата за работа на Заводот, комисијата составена од експерти од областа, го избра пронајдокот кој ги задоволуваше критериумите за Патент на годината за 2023 година, и одлучи наградата да се додели на носителот АЛКАЛОИД АД Скопје, за пронајдокот со назив "ФАРМАЦЕВТСКА ФОРМУЛАЦИЈА КОЈА СОДРЖИ БЕНЗИМИДАЗОЛ ". Пронајдокот се однесува на медицинска подготовка на медицински производи кои имаат посебна физичка форма и се користат при третман на желудочни проблеми, особено кај малите дечиња.

***

Светскиот ден на интелектуалната сопственост во 2024 година, дава рефлексија на тоа, како интелектуалната сопственост ги поддржува иновациите и творештвото што ни се неопходни за трасирање и продлабочување на патиштата кон одржлива иднина, преку кои ќе можеме да ги исполниме целите на одржлив развој на Обединетите нации.

Како водечка иницијатива за народите, просперитетот, мирот и за опстојувањето на нашата планета, целите на одржлив развој на Обединетите нации се наш патоказ по кој континуирано ќе ја насочуваме и заштитуваме интелектуалната сопственост како моќен катализатор за општествениот раст и развој.

Во 2024 година, акцентот е ставен на творците на промени ширум светот кои ги поттикнуваат иновациите и креативноста, потребни за да се постигнат целите на одржлив развој и да се изгради подобра и поодржлива иднина за секого.

Интелектуалната сопственост е значаен фактор за справување со глобалните предизвици со кои се соочуваме, а Светскиот ден на интелектуалната сопственост 2024 година е можност да се потенцира нејзината улога преку иновациите и креативноста во постигнувањето на целите на одржлив развој за напредок, раст и развој .

На крајот, би сакал да ви го честитам 26 април, Светскиот ден на интелектуалната сопственост и сите заедно се се вклучиме во градењето на заедничка иднина преку поддршка на иновациите и творештвото, за да ги оствариме целите на одржлив развој и изградба на подобра и поодржлива иднина за секој поединец ширум светот.

 

Директор на ДЗИС,
Блерим Идризи

 

 

25.04.2024


Галерија на слики